Утрински Весник
Македонија

Притвор за возачот кој прегази пешак и побегна на патот Тетово -Јажинце

Притвор за десетмина дрвокрадци кои претепааа полицајци

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице осомничено за загрозување на безбедноста во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

Осомничениот, на 6 декември, на регионалниот пат Тетово-Јажинце, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. На критичниот ден тој управувал со автомобил „форд ескорт“ и по регионалниот пат од Тетово кон село Пршовце возел со брзина неприспособена кон состојбата и условите на патот. Возејќи со поголема брзина низ населено место и по воден коловоз, не успеал навреме да запре, па со предниот десен дел од автомобилот удрил во пешак кој поминувал преку патот. По несреќата осомничениот не застанал за да му укаже помош на повредениот, туку веднаш избегал од местото. Оштетениот од здобиените тешки телесни повреди починал на местото на несреќата, се наведува во соопштението.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ЦУК: Активни четири пожари, изгаснати осум

Кондарко: Потребен ни е нов Изборен законик, независните кандидати ќе можат да учествуваат на избори без собирање на потписи

Ќе се препополови бројот на патувања, нема веќе работа на црно во ЕУ – ќе се бројат и кафињата во Солун