Утрински Весник
Македонија

Притвор за велешанец осомничен за криумчарење мигранти

Полицијата приведе 27 мигранти и двајца криумчари

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – РЦ за ГР „Исток“ поднесе кривична пријава против З.Б. (39) од Велес, осомничен за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ за што од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор.

Како што денеска соопштија од МВР, на 26 февруари 2020 полициски службеници при вршење на мотопатролна служба на магистралниот пат Штип-Радовиш забележале патничко товарно возило и на даден знак возилото да запре со движењето, возачот продолжил да се движи кон Штип.

– Потоа кога пристигнало во близина на село Лакавица застанало, а по извршен преглед во товарниот простор биле пронајдени 40 мигранти, од кои 36 од Авганистан и четворица од Пакистан, се појаснува во соопштението. цр/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поповолни услови за кредит за оние кои првпат купуваат стан за живеење, Народната банка наскоро ќе ги објави мерките

Петмина од повредените во кочанската дискотека се уште се на болничко лекување, двајца во Турција, тројца во државата

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ свесно ги турка граѓаните во сиромаштија