Утрински Весник
Македонија

Притвор за велешанец кој во патика криел кокаин

Притвор за велешанец кој во патика криел кокаин
Dik 300x250 mk

Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице од Велес на возраст од 31 година, кај кого бил најден кокаин што го криел во патика.

„ Осомничениот, на 13 април, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – кокаин во количина од 7,45 грама спакувана во едно полиетиленско пакување. Дрогата ја купил во Скопје од засега непознато лице, па со автомобил се упатил кон Велес. Пакетчето со дрога го држел скриено во левата патика, но му било пронајдено и одземено од полициски службеници на наплатната станица Сопот“ соопшти обвинителството.

Имајќи предвид дека постои опасност од повторување на кривичното дело и опасност од бегство, со оглед на тоа што осомничениот подолг период престојува во Република Германија и имал намера повторно да замине таму, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување притвор. Предлогот беше прифатен од страна на судијата на претходна постапка на Основен суд Велес и определен е притвор во траење од 30 дена.​

Можете да прочитате

Поранешен директор и вработени под истрага за злоупотреба на службени патувања

Утре сончево време со температура до 21 степен

Ретка можност: Балкански рис фатен во Кичево (ВИДЕО)