Утрински Весник
Свет

Пристигнуваат детали за затворениот состанок на НАТО: Ова е значаен момент во историјата

Пристигнуваат детали за затворениот состанок на НАТО: Ова е значаен момент во историјата

Си-Ен-Ен разговараше со американски официјален претставник кој присуствуваше на самитот на НАТО што се одржа зад затворени врати денеска во Брисел.

Самитот беше отворен со обраќање на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој повика на неограничена воена помош, но не го повика НАТО да воведе зона на забранети летови над Украина.

Следниот говорник беше американскиот претседател Џо Бајден, кој го истакна координираниот пристап на Западот кон санкциите против Русија и повтори дека Америка е силно посветена на НАТО.

„ Расположението на самитот беше трезвено и одлучно и имаше чувство на неверојатно заедништво“, рече официјалниот претставник.

„ Имаше многу силно чувство дека се соочуваме со значаен момент во историјата. Сите водачи кои зборуваа ја истакнаа потребата да ги браниме нашите демократии“, рече претставникот.

Се споменуваше и Кина, како и колективната желба на членките на НАТО да ја избегнат поддршката на Пекинг за руската инвазија на Украина. Лидерите разговараа и за чекорите што треба да се преземат во случај Русија да одлучи да употреби хемиско или нуклеарно оружје во Украина.

Можете да прочитате

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури

Еден загинат, 11 повредени во судар на воз и туристички автобус во Русија

Поради екстремната жештина во Португалија за една недела умреа речиси 300 лица