Утрински Весник
Македонија

Пристигнаа нови 11.700 дози од вакцините на „Фајзер“

ЕМА одлучува дали децата од 12 до 15 години ќе можат да се вакцинираат со „Фајзер“

Попладнево пристигнаа нови 11.700 дози од вакцината на производителот ,,Фајзер“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

Од нив, 7.020 се преку директни преговори со производителот, а 4.680 дози се од ЕУ што ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe).  Оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан ја координира Австрија.

Министерот вели дека количините на вакцини постојано се дополнуваат,  и апелира сите граѓани да се пријават за вакцинација.

Претходно денеска, Филипче изјави дека останати се уште 5.000 вакцини за прва доза. Наскоро ќе пристигнат 70.000 вакцини од Грција и Бугарија, а најверојатно станува збор за „Астра зенека“. Вакцини на „Фајзер“ во Македонија се испорачуваат секој понеделник.

Можете да прочитате

Лимани: Доделувањето на Наградата за младинско учество, нека биде симбол на почит и признание за сите млади кои не се пасивни набљудувачи, туку активни граѓани

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

ТОПЛОТНИ БРАНОВИ: До крајот на август ќе имаме многу топло време!