Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Пристигнаа над 250.000 дози на „Фајзер“ како донација од Италија

Пристигнаа над 250.000 дози на „Фајзер“ како донација од Италија
Img 7972

Во Скопје пристигна првиот дел од италијанската донација од 250.380 вакцини на компанијата „Фајзер“ (втората пратка пристигнува в среда, 9 февруари). Ова е најголемата донација досега направена од една земја за Северна Македонија, како што најави министерката за внатрешни работи на Италија, Лучана Ламорџезе, при нејзината посета на земјава при крајот на минатата година. Донацијата од Министерство за надворешни работи на Италија беше реализирана преку механизмот Ковакс (спроведена од страна на Уницеф во соработка со Гави, Ваксин Алианс и СЗО)

„ Оваа донација е дел од еден општ италијански план за поддршка, како во улога на земја членка на ЕУ, така и во билатерален контекст, а чија цел е да се поттикне вакцинацијата на глобално ниво. Во 2021 година Италија издвои 385 милиони евра за Ковакс системот и 45 милиони дози вакцини наменети за други земји. Преку оваа донација сакаме да ѝ пружиме конкретна поддршка на Северна Македонија во борбата против пандемијата на Ковид-19“ изјави Амбасадорот Силвестри и додаде: „Важно е сега да се интензивира кампањата за вакцинација, за да се обезбеди поголема заштита на населението“.

На овој апел се придружи и Министерот за здравство Беким Сали, кој срдечно се заблагодари за донацијата и за континуираната поддршка што Италија ѝ ја пружа на Северна Македонија.

Денешната донација е во согласност со традиционалната италијанска поддршка за Северна Македонија, вклучително и во здравствениот сектор. Имено, во тек е последната фаза од „Програмата за рационализација и модернизација на биомедицинската технологија во здравствениот сектор во Република Северна Македонија“, што се реализира со помош на мекиот заем кој Италија ѝ го додели на Северна Македонија со цел набавка на современи машини во здравствениот сектор, во вкупна вредност од над два и пол милиони евра.

Можете да прочитате

Филипче: Мицкоски сака партиско судство, се заканува ама никој не му се плаши

Филипче: Минималната плата во Албанија ќе биде 520 евра, за Мицкоски и 400 евра биле многу

Полиција откри поголема количина дрога во скопско Ѓорче