Кралски биограф тврди дека принцот Џорџ најверојатно ќе биде тргнат од очите на јавноста откако на Твитер се појавија недолични коментари за фотографиите на кои е прикажан како го гледа финалето на ЕВРО 2020.
Малиот принц ќе биде задржан далеку од светлото на рефлекторите по низата злоупотреби на социјалните мрежи насочени кон него, според кралскиот експерт Роберт Џобсон, коавтор на „Дијана: строго чувана тајна“.
Џобсон за ТВ-емисијата „Санрајс“ во Австралија изјави дека младиот принц бил исмејуван затоа што носел костум и вратоврска во ВИП ложата на финалето на Англија против Италија на ЕУРО 2020 во неделата (11 јули).
Седумгодишното момче го следеше натпреварот со неговиот татко принцот Вилијам и мајка Кејт Мидлтон покрај него, и беше снимен како навива кога Англичанецот Лук Шо го постигна првиот гол на стадионот Вембли.
За жал, некои луѓе решија да упатат критики кон малото момече и, според кралскиот експерт, некое време ќе биде подалеку од очите на јавноста.
„Џорџ привлече доста големо внимание на социјалните мрежи,“ рече Џобсон и додаде: Некои беа критични кон него дека носи кошула и вратоврска како неговиот татко, што сметам дека е многу грубо.
„Тој беше многу популарен, но мислам дека ќе се обидат да го задржат подалеку од јавноста. Тие се свесни за тоа, иако фотографиите со татко му, принцот Вилијам, кога славеаза тој премногу краток момент беа одлични “.
А на Твитер се појавија недолични коментари за малиот Џорџ и за реакциите на татко му.
Некои ја коментираа вратоврската на малиот принц, очигледно сметајќи дека требало да го облечат во поспортска комбинација или во дрес на англиската репрезентација.
А други коментараа: „Оваа излезност на кралското семејзтво би требало да ја натера Шкотска да сака да остане во ЕУ? Апсолутно не“.
„Зошто кисели лица, ова е само игра“, напиша друг.