Утрински Весник
Магазин

Принцот Чарлс и Камила обележаа пресвртница за грчката независност во дводневна посета на Атина

Принцот Чарлс и Камила обележаа пресвртница за грчката независност во дводневна посета на Атина
Dik 300x250 mk

На барање на британската влада, принцот од Велс и војвотката од Корнвол отпатуваа во Атина за да го прослават 200-годишнината од востанието за независност на Грција.

Со оглед на фактот што во изминатата година имаше помалку патувања од која било во поновата кралска историја, веста дека принцот од Велс и војвотката од Корнвол имале безбедно патување до Атина, не е ништо помалку од возбудлива, коментираат британски медиуми.

Кралската двојка, на барање на британската влада, отпатува во Грција вечрта на 24 март, за да ја прослави 200-годишнината од грчката независност на покана на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Принцот од Велс и војвотката од Корнвол последен пат ја посетија Грција во мај 2018 година, а принцот Чарлс само во два наврати ја посетил Грција во службено својство. Се разбира, патувањето ќе има дополнителен оддек со оглед на тоа што таткото на Чарлс, војводата од Единбург, е роден во Грција во грчко и данско кралско семејство, пишуваат британските медиуми.

Можете да прочитате

Властите во северна Јапонија ја повикаа војската за заштита од мечки

По десет години љубов, Саша Ковачевиќ и предложи брак на Зорана Тасовац

Ретроградниот Меркур веќе ги покоси овие 4 знаци: Штом ќе започне хаосот и конфликтот, треба да го направите следново