Утрински Весник
Магазин

Принцот Чарлс горд на синовите Вилијам и Хари

Принцот Чарлс горд на синовите Вилијам и Хари

Принцот Чарлс ретко дава коментари за своите синови, принцот Вилијам и принцот Хари, но овојпат тој за нив говореше со гордост во објава за американскиот весник „Њусвик“.

Принцот од Велс во јануарското издание на списанието ги изложи своите планови за борбата против климатските промени. Тој  ги спомена синовите Вилијам и Хари коментирајќи дека кралските браќа работат на решавање на проблемот со свои иницијативи.

Наследникот на тронот напиша: „Како татко, горд сум што моите синови ја препознаа оваа закана.“

„Неодамна, мојот постар син, Вилијам, ја лансираше престижната награда The Earthshot Prize за да поттикне промени и да помогне во обновата на нашата планета во следните десет години…“

„И мојот помлад син, Хари, страствено го истакнува влијанието на климатските промени, особено во однос на Африка, и ја обврза својата добротворна организација на концептот нето нула емисии на штетни гасови,“ додаде тој.

Принцот Чарлс говори за важноста да се преземе акција сега, како што рече: „Нам ни судат очите на нашите деца и внуци. Како што влегуваме во нова година, нема ниту момент за губење“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста