Утрински Весник
Свет

Принцот Хари: Ќе ја довршам работата на мајка ми во борбата против ХИВ

Принцот Хари: Ќе ја довршам работата на мајка ми во борбата против ХИВ
Dik 300x250 mk

Британскиот принц Хари денеска изјави дека се чувствува должен да се обиде да ја заврши работата на неговата покојна мајка, принцезата Дијана, во борбата против ХИВ и стигмата што ја опкружува болеста.

Воедно, по повод одбележувањето на Националната недела на тестирање за ХИВ во Велика Британија, тој ги повика луѓето да се тестираат за таа болест.

„Работата на мајка ми е недовршена“, рече Хари во видеото испратено до поранешниот професионален велшки рагбист Герет Томас, кој во 2019 година објави дека е ХИВ позитивен.

Можете да прочитате

Над 80 милиони евра е вредноста на накитот украден од Лувр

Венс во Израел: Ако Хамас не се разоружа, ќе го уништиме

Француската морнарица запленила 2,4 тони кокаин