Утрински Весник
Свет

Принцот Хари смета дека не е безбедно да ги донесе своите деца во Велика Британија

Принцот Хари смета дека не е безбедно да ги донесе своите деца во Велика Британија

Адвокатите на принцот Хари на денешното рочиште изјавија дека тој не сака да ги носи своите деца во својата татковина бидејќи не е безбедно без полициска придружба.

Принцот Хари поднесе тужба против одбивањето на британската влада да му дозволи лично да плати за полициска заштита кога ќе дојде во Британија, пренесе АП.

Неговиот правен тим наведува дека принцот Хари сака да ги донесе своите деца – Арчи, кој има речиси три години, и осуммесечната Лилибет, да ја посетат татковината од САД, но дека е премногу ризично без полициска заштита.

Можете да прочитате

Две бебиња по пат од 16 -ти кат преживеале

Ердоган најави финансиска поддршка од 100 милијарди лири за турските производители

Макрон: Европа подготвува технички разговори со Русија