Утрински Весник
Магазин

Принцот Хари сака неговиот син да има детство какво што тој отсекогаш посакувал

Принцот Хари сака неговиот син да има детство какво што тој отсекогаш посакувал
Dik 300x250 mk

36-годишниот принц Хари, војводата од Сасекс, е татко на 17-месечниот син Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор – кого го има со неговата сопруга Меган, војвотката од Сасекс – и откако семејството се пресели од Велика Британија во Калифорнија, извори блиски до парот велат дека Хари сака Арчи да има приватно воспитување.

Инсајдер објасни за списанието „Пипл“: „Обајцата се крајно внимателни родители. Хари сака да му го даде на Арчи детството што тој го посакувал. Тие поминуваат многу време надвор, и Хари и Меган сакаат да играат – целиот приватен простор е сон за нив.”

Веста доаѓа откако Хари претходно откри дека тој и Арчи минуваат многу време на отворено среде пандемијата на коронавирус.

Тој неодамна рече: „Имаме доволно простор надвор, и среќен сум за тоа. Треба да го натерам да игра рагби.

„Нашето мало човече е наш приоритет број еден, но нашата работа е втор приоритет и ние се обидуваме да сториме сè што можеме за да го направиме светот подобро место.“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои навидум изгледаат смирено

„Гугл“ привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

Седмо издание на „Андерфест“ – рок енергија што расте секоја година