Утрински Весник
Магазин

Принцот Хари бил предупреден за последиците од неговото заминување во САД

Принцот Хари бил предупреден за последиците од неговото заминување во САД

Пpинцот Хари бил предупреден да се соочи со последиците на неговото заминување од Британија откако ги загуби воените улоги од друг член на кралското семејство.

На принцот (36) му беа одземени воените титули откако се повлече од кралските должности за да се пресели во Лос Анџелес со неговата сопруга Меган Маркл (39). Војводата од Сасекс ги имаше титулите: генерал-капетан на кралските маринци, почесен командант на воздухопловните сили на Кралската воздухопловна база Хонингтон, и почесен главен комодор на малите бродови на Кралските поморски команди.

Во меѓувреме, експертка за кралското семејство навести дека принцот Вилијам најверојатно ќе ги добие титулите.

Во разговор со британски „Експрес“, експертката Кениг, рече: „Тој знаеше дека ќе ја изгуби позицијата со маринците. Не му се одземаат редовите, туку неговите воени задачи.

„Тој живее во САД, им треба некој што е во Обединетото Кралство да ги претставува и да учествува во формалните настани кога ќе биде потребно.

„Имаше шпекулации дека принцезата Ана ќе ги преземе надлежностите, но тоа ќе биде принцот Вилијам,“ рече експертката за кралското семејство, пренесува британскиот весник.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста