Утрински Весник
Македонија

Прилепчанец починал зад воланот и предизвикал сообраќајна незгода

Прилепчанец починал зад воланот и предизвикал сообраќајна незгода
Dik 300x250 mk

Во попладневните часови на 23 април, во полициската станица Прилеп било пријавено дека на улицата „Јоска Јорданоски“, автомобил „мицубуши колт“, управуван од 60-годишниот П.Н. од Прилеп, удрил во автомобил „фолксваген голф“, управуван од Г.Ш. од Прилеп.

Од екипата на итната медицинска помош била констатирана природна смрт кај возачот П.Н., кој според пријавеното, имал здравствени проблеми.

Во незгодата кај двете возила била причинета материјална штета.

Увид на местото извршиле екипа од прилепската полиција и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на семејството.

Можете да прочитате

Ужас во Скопје: Татко ја силувал малолетната ќерка

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија

Македонија и Бугарија ќе го потпишат Договорот за изградба на меѓуграничниот железнички тунел