Утрински Весник
Македонија

Прилепските советници со економски мерки и олеснувања за граѓаните и фирмите

Прилепските советници со економски мерки и олеснувања за граѓаните и фирмите

Прилеп, 7 април 2020 (МИА) – Социјално загрозените лица и самохраните родитетели од Прилеп нема да плаќаат комуналии за април и мај, а на правните лица им се намалува плаќањето фирмарина. Ова се дел од одлуките кои ги донесе прилепскиот совет на денешната седница, што имаат за цел да им се помогне на граѓаните и на фирмите во ситуацијата со пандемијата од корона вирусот.

Според претседателот на советот Миле Талески, мерките за ослободување од комуналиите ги предложија јавните комунални претпријатија, а советниците едногласно ги прифатија.

-Социјално загрозените лица и самохраните родители се ослободуваат од обврската за плаќање комунален отпад за април и мај. Воедно, времено се ослободуваат од плаќање надомест за подигање комунален отпад и правните лица од Старата чаршија и самостојните занаетчии. Ослободувањето се однесува на дуќанџиите, занаетчиите и сите угостители и хотелиери од подрачјето на Општината. Исто така, Советот донесе одлука за ослободување од плаќање надомест на сите закупци на тезгиња и на деловен простор во сопственост на јавното претпријатие „Пазари“. И сите одлуки се донесени едногласно, изјави Талески.

Прилепските советници им ја намалија фирмарината на претпријатијата од 6.000 на 4. 000 денари.

-Советот донесе Одлука за намалување на фирмарината од 6.000 денари на 4.000 денари, со вкупна сума на ослободување на правните лица во висина од 4.5 милиони денари, додека користењето на просторот пред деловниот објект се намалува од 15, на 5 денари по квадратен метар. Со оглед на тоа дека во месеците на вонредната состојба угостителите ќе бидат комплетно ослободени од оваа давачка, висината на вкупните средства од кои ќе бидат ослободени изнесува осум милиони денари. За 600.000 денари е намалено истакнувањето на рекламни објави на јавни места, со што намалувањата на овие давачки за правните лица вкупно изнесуваат 13.2 милиони денари, рече Талески. Тоа се мерки преложени од локалната самоуправа.

На денешната седница, прилепските советници дадоа согласност за планот за заштита и спасување од поплави, а ја усвоија и одлуката за утврдување на приоритет за учество во проектната апликација „Паметни прекугранични мрежи за одржливо вработување и раст во туризмот“. ем/ев/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Не сум импресиониран од ова раководство на СДСМ

Мицкоски не бил импресоиниран од новото раководство на СДСМ

Ќе направиме се струјата да не поскапи, во најлош случај ќе биде за 3 отсто во третиот и четвртиот блок, вели премиерот