Утрински Весник
Македонија

Прилепскиот кризен штаб со засилени мерки

Прилепскиот кризен штаб со засилени мерки

Прилеп, 28 март 2020 (МИА) – Сите оперативни планови на локалните и на државните институции на територијата на општина Прилеп, да бидат преточени во соодветни процедури за работа во услови на евентуална прогресија на болеста Ковид 19, е  одлука прилепскиот кризен штаб на денешниот состанок.

Градот ги интензивира локалните мерки и активности преку засилена дезинфекција на главните и на периферните улици како и во населените места.

Кризниот штаб упати апел до сопствениците на маркети да ги применуваат и да ги засилат редарските служби за да се избегнат гужви пред и во самите објекти.

Апел е упатен и до претставниците на верските заедници во Општината да се придржуваат до одлуките на Владата и до препораките на Министерството за здравство за да се намалат ризиците за прогресија и ширење на коронавирусот во Прилеп.

Кризниот штаб ги информира прилепчани дека од понеделник 30 март,  според одлуката на Министерството за здравство, нема да работат матичните стоматолози. Сите итни случаи ќе се упатуваат во службата за Итна стоматолошка помош, во објектот на Итната медицинска помош.

Денеска во Прилеп во изолација се вкупно 222 лица и нема забележано нарушување на оваа мерка, ниту на полицискиот час синоќа. ем/бк/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски предупреди: „Сејф Сити“ ќе казнува и на зелено – 45 евра ако ја блокирате раскрсницата

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори, владината реконструкција најдоцна до јуни

Мицкоски: На листата на Владата за државен обвинител се тројца кандидати, Ленче Ристоска не е меѓу нив