Балашевиќ и неговата сопруга Оливера Балашевиќ се сретнале сосема случајно и љубовта ги врзала сè додека, за жал, судбината не ги раздели. Најубавите песни, идеалниот брак, емотивната и пријателска врска, неисцрпната инспирација и поддршка сведочат за нивната љубов, а ова е приказната за нивниот живот што траеше повеќе од четири децении.
Блажевиќ и Оливера се запознаа за време на едно телевизиско гостување, и двајцата беа гости на ТВ Нови Сад – Оливера како спортист и Ѓорѓе како музичар. Оливера тогаш не ни сонуваше дека ќе се вљуби во тој млад човек со гитара. Исклучителната гимнастичарка во четири спортски дисциплини, со неколку медали и награди, мораше да одлучи помеѓу нејзината љубов и оваа нова, која штотуку се роди.
„Во една прилика заедно го гледавме натпреварот Хајдук – Хамбургер. Одеднаш, Оља ја стави раката над моето рамо и рече: „Овој Златко Вујовиќ е опасен фудбалер“. Тогаш си реков: „Ја најдов вистинската личност, пријател кој разбира и други работи. Веднаш се женам – готово е!“, рече во една прилика Балашевиќ.
Во времето кога Оливера учеше и живееше во дом, Ѓоле често пееше под нејзиниот прозорец. Во студентската соба каде што тогаш живееше Оливера, денеска на влезната врата има плакета со натпис посветен на нив… И токму таму започна најубавата љубовна приказна.
„На мајка ми ѝ беше тешко дека одам во Нови Сад и дека ќе бидам сама, дури ми предложи да најдам момче. Имав цимерка Весна од Чачак. Запознав многу луѓе, со кои и денес сум во контакт“, изјави Оља Балашевиќ во едно интервју.
Наскоро во нејзиниот живот се појави момче, добро познатиот кантавтор од Војводина, а тој нивната љубов и студенсткиот живот го опиша во песната „Провицијалка“.
„Тој тврди дека песната е поврзана со оваа просторија. Знам дека читав белешки за предавања на масата, се подготвував за испит и често гледав низ прозорецот чекајќи да се појави. Тогаш немаше мобилни телефони, па Ѓоле свиркаше под прозорецот. Тој свиреж се користи и денес кога ќе залутаме во некој град или трговски центар. Кога ќе го слушнав неговиот свиреж, ќе истрчав низ ходникот со брзина на светлината за да го видам, па таа песна ја раскажа на многу убав начин“, рече Оливера.
Во времето кога Оливера студираше и живееше во домот, Балашевиќ, како што неколку пати раскажа, играл фудбал со станарите од студентскиот дом на блиското училишно игралиште и наскоро се дознало за нивната љубов.
„Од самиот почеток, тоа беше многу јавна љубов и единствена во светот. Сепак, имаше и такви кои ме среќаваа на улица, па ми говореа: Што ја завлекуваш таа девојка, а имаше разни сцени“, рече кантавторот.
„На пат да станам лошо момче, ја запознав и сè прерасна во приказна за мангуп и принцеза, но во малку променети улоги. Далеку од тоа дека беше „битанга“, но беше мала скитничка низ студентските соби и студентски домови, со огромна амбиција. Пред Ољaа, имав неколку трагични, формални врски, но кога ја видов за првпат, помислив дека сакам да се оженам и да имам свое семејство“, изјави Балашевиќ.
Кога отишол на одмор во Умаг, сфатил дека му недостасува, ја повикал од рецепцијата на хотелот и ја побарал за жена. Таа дури и не успеала да одговори, а тој влегол во својот „голф“ и извозел до Зрењанин.
„Отидов на море без неа како момче таа година, не знаев дека ќе се вратам со сосема поинаков поглед на животот. Таа се јави, па ја прашав: Добро, дали ќе се омажиш ти или не“, рече Балашевиќ.
Се венчале во 1981 година, но немале голема свадба бидејќи мајката на пејачот починала една година порано. Нивната Јована тогаш имала половина година, па решиле да ја завршат и таа формалност.
„Малку се плашев од тоа, затоа што многу формалности избегнав во животот. Кога матурирав, тоа беше права прилика да облечам одело, но поради сплет на околности не отидов на прославата. Ни подоцна, никогаш не бев во одело“, раскажа Балашевиќ.
„Сакав да се венчам на 15 август, кога е најтопло, за да бидам во маица. Сепак, се согласивме дека ќе биде на 7 мај, бидејќи ситуацијата со моето доаѓање од армијата беше целосно неизвесна. Не сакавме никакви церемонии и помпа. Го избравме четврток. Не сакавме да биде сабота или недела, затоа што токму тогаш се венчаваа некои мои пријатели и не сакав да се сретнам и да направам врева, да врескаме, да скокаме…“, рече тогаш Балашевиќ и додаде:
„На никого не рековме ништо, се подготвивме на брзина, дури и малку доцневме … Билја, кумата, дојде во последен момент, а јас му реков на Борчек да земе лична карта, дека имам некои снимања, само за да не се појави со подарок и во костум. Влетавме кај матичарот, но таму веќе нè чекаа пријатели кои сепак успеале да сфатат што се случува. Тоа беше мала, слатка церемонија што подоцна ја продолживме дома, строго со сендвичи“.
Се чувствував добро, како да не бев младоженец. Бев во елегантни црни фармерки и спортски чевли, не сакав да носам патики од почит кон мојата сопруга. Ољa носеше убав бел фустан, само без тие „работи“ на главата, кажа тој.
Во 2001 година, Балашевиќ го издаде албумот „Дневник старог момка“ посветен на неговата најголема љубов и поддршка. Секоја од дванаесетте песни е насловена по некое женско име, и со комбинирање на почетните букви од тие имиња, се добива: „Оља је најбоља“. Така тој му покажа на светот колку е единствена нивната љубов.
По Јована, Оливера и Ѓоле, добија уште две деца – ќерката Јелена и синот Алекса. Сите три деца на популарната музичка и актерска двојка успешно ја градат својата кариера.
После Јелена, која се покажа како одличен видео режисер и Јована, која е актерка, синот Алекс стана шампион во борење“, пишува Телеграф.рс.