Утрински Весник
Македонија

Привршува изградбата на првата од планираните две улици во пехчевското село Робово

Привршува изградбата на првата од планираните две улици во пехчевското село Робово

Пехчево, 12 јуни 2020 (МИА) – Во пехчевското село Робово привршуваат градежните работи за изградба на првата од предвидените две улици што се градат согласно проектот за подобрување на општинските услуги. Градоначалникот Драган Тренчовски кој изврши увид во работите, информираше дека по завршувањето на оваа улица ќе се гради уште една улица во Робово.
 -Општина Пехчево овој проект го доби преку Министерството за финансии во рамки на вториот проект за подобрување на општинските услуги финансирани со заем од Меѓународната банка за обнова и развој. Градежните работи на улицата бр. „1“ опфаќаат изградба на коловозна конструкција од тампонски слој, ситен песок и завршна обработка со бекатон плочки. Со реализација на оваа активност како локална власт покажуваме одговорност во решавање на сите проблеми, не само во ова село, туку и во целата општина, истакна Тренчовски.
Решавањето на проблемите со заостаната состојба на нерешена инфраструктура, како што додаде тој, ќе продолжи и во наредниот период.
-За жал, во општината имаме низа вакви ситуации, но како сегашна локална самоуправа покажуваме одговорност во решавањето на сите овие проблеми.  Долгорочното подобрување на улиците преку зголемување на техничкиот век на асфалтната површина, зголемената безбедност во сообраќајот, подобрување на сообрќајната поврзаност и комуникација и обезбедувањето сигурност на пешаците се главните цели на локалната самоуправа, додаде Тренчовски.
Проектот за подобрување на јавните општински услуги во Пехчево, како што додадоа од Општината, содржи пет потпроекти, меѓу кои изградба на две или вкупно четири улици во селата Робово и Умлена и доградба на трпезаријата во градинката „7-ми Септември“ во Пехчево. вс/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри!

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“

Во Собранието пратенички прашања – 24info.mk