Утрински Весник
Македонија

Привршува изградбата на нова улица во село Мачево

Привршува изградбата на нова улица во село Мачево

Берово, 7 јуни 2020 (МИА) – Во финална фаза е изградбата на улица бр. „3“ во село Мачево. Средствата за реализација на оваа активност, како што информираа од Општина Берово се во вредност од 1,39 милиони денари.
-Продолжуваме со реализација на многу инфраструктурни проекти, кои креираат вистинска вредност во унапредувањето на квалитетот на животот на граѓаните, во секој град, во секое село во Берово. Конкретно во моментот, пред крај е изградбата на улицата „3″ во село Мачево, која се гради со средства обезбедени од буџетот на општина Берово, информираа надлежните.
Од општината додадоа дека и покрај коронакризата ќе продолжи реализацијата на сите зацртани проекти за 2020 година.
-Многу важно во оваа здравствено-економска криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19 е што централната и општинските власти се посветени ниту еден инфраструктурен проект кој е од корист на граѓаните, да не биде прекинат или намален неговиот буџет. Затоа ќе продолжиме да градиме, за да го унапредиме квалитетот на животот на сите, додадоа од Општина Берово.
Увид во градежните работи денес изврши градоначалникот Звонко Пекевски, кој истакна дека изградбата на улицата ,,3″ во село Мачево до крајот на идната недела ќе биде завршена. вс/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски предупреди: „Сејф Сити“ ќе казнува и на зелено – 45 евра ако ја блокирате раскрсницата

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори, владината реконструкција најдоцна до јуни

Мицкоски: На листата на Владата за државен обвинител се тројца кандидати, Ленче Ристоска не е меѓу нив