Делчево, 11 март 2020 (МИА) – Активностите за реконструкција на третата ламела од домот за стари лица во Берово се при крај. Во третата ламела, како што рече денеска градоначалникот Звонко Пекевски, кој го посети Домот за стари лица, ќе се адаптира простор за сместување нови 10 легла за корисници.
-По завршувањето на градежните работи, капацитетот на домот од постоечките 29 легла, ќе се зголеми на 40. Средствата во износ од 5,1 милион денари се обезбедени дел од Буџетот на Општина Берово и дел од Буџетот на ОЈУСЗСЛ ,,Д-р Иван Влашки”, рече Пекевски.
По завршувањето со градежните работи, како што информираат од Општината ќе се пристапи кон внатрешно уредување и адаптација, за што општина Берово веќе има поднесено концепт проект на Регионалните форуми во заедницата, кои ги спроведува Центарот за развој на источно плански регион и е сериозен конкурент во трката за грант од Швајцарската агенција за развој и соработка СДС.
Градежните активности за доизградба на Домот за стари лица се очекува да завршат кон крајот на овој месец. вс/скс/