Утрински Весник
Македонија

Привршуваат градежните работи за санација на мостот кај Моин

Привршуваат градежните работи за санација на мостот кај Моин

Гевгелија, 4 март 2020 (МИА) – Гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков денеска беше во обиколка на изведбените градежни работи за санација на мостот на Сува Река кај селото Моин, кои се во завршна фаза.

-Проблемот со мостот се провлекуваше со години и при секој пообилен дожд и надојдената вода на Сува Река претставуваше закана за сообраќајната комуникација со селото. Барањата на жителите за негова санација беа сосема оправдании поради што му дадовме приоритет во реализацијата, рече Поцков и нагласи дека за него се издвоени 2,1 милиони денари од општинскиот буџет.

Покрај ова, Поцков посочи дека пред два дена со потпишување на меморандумот, Министерството за транспорт и врски на Општина Гевгелија и доделило 900.000 евра поради што во наредниот период најави интензивна активност за проширување и подобрување на патната мрежа во Општината. им/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Студено утро со температури и до минус 11 степени

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!