Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Привремен сообраќаен режим на дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов

Нормализиран сообраќајот на патот Велес – Скопје
300x250 opst2

Од денеска на дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, во близина на Паркот Македонија во општина Карпош, поради изведба на градежни работи за поставување на вреловод, ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

Времената измена на режимот на сообраќај ќе биде означена со посебна сигнализација, а ќе важи до завршување на градежните активности што ќе ги реализира Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје.

Во месец септември, времена сообраќајна измена на режимот, ќе има и на мал дел од улицата Јуриј Гагарин, каде што ќе се изведува прекоп за поврзување на вреловодната мрежа.

Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Двајца уапсени по тепачка пред ресторанот „Дукат“ во Капиштец

Филипче: Тоа што СДСМ го создаде ДПМНЕ го руши, укинати здравствените услуги во Неготино

Почина момчето, кое со мотоцикл удри во џипот на пратеник од Левица