Утрински Весник
Македонија

Приведен 20-годишник кој ограбил цркви во Виница

Полицијата од Виница расчисти 12 кривични дела, од кои 10 тешки кражби сторени во цркви, една тешка кражба во продажен објект и едно одземање на моторно возило извршени на подрачјето на ОВР Виница во претходниот период.

dobivaj vesti na viber

Притоа, во полициска станица е извршен службен разговор со Е.А.(20) од Виница, кој непријавено престојувал во Кочани, при што Е.А. ги признал делата и го појаснил начинот на кој ги извршил, соопшти МВР.

По документирање на случајот против него ќе бидат изготвени соодветни кривични пријави.

Можете да прочитате

Утрово забрана за тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар

Тренчевска: Минимална плата од 600 евра за достоинствен живот на работниците 

Тешка несреќа во Скопје лице прегазено од комбе