Утрински Весник
Македонија

Приведен шверцер на мигранти, во неговото комбе биле најдени 25 лица

Приведен шверцер на мигранти, во неговото комбе биле најдени 25 лица

На автопатот Скопје – Гевгелија, по Миравци, полицијата пронашла комбе во кое се наоѓале 25 мигранти.

Возачот на комбето, кога ја видел полицијата, го оставил возилото и се дал во бегство. При контрола во возилото биле пронајдени 25 лица – мигранти, а по преземените мерки, возачот бил пронајден и уапсен. Се работи за лицето У. Р. (20) од Чучер Сандево, Скопје.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против У. Р. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Николовски: Борбата со корупцијата во фокус, годинава преку засилени контроли спречен криминал со употребувани возила 

Директори на вселенски камп на НАСА и експерт за дигитално образование при ЕК ќе говорат на седмата „ЕдуКонференција“ во Струга

Изложба „ЦЕРН и универзумот: Науката што нè поврзува“