Утрински Весник
Македонија

Приведен стружанец, во неговиот дом било пронајдено оружје

Приведен стружанец, во неговиот дом било пронајдено оружје

Вчера полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.А.(49) од Струга.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле еден пиштол чешка „зброевка“ калибар 7,65 мм, еден сигнален пиштол „гмаа“, 26 куршуми различен калибар и 86 парчиња дијаболи, што нелегално ги поседувал.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Малолетник удрен од автомобил во Скопје

Сопругата на Мицкоски, Рози, на глобален самит во Вашингтон во организација на Меланија Трамп:

Турски држајванин паднал од балкон од зграда во Карпош