Утрински Весник
Македонија

Приведен сопственик на угостителски објект во Гостиварско

Приведен сопственик на угостителски објект во Гостиварско

Вчера околу 21.00 часот во село Градец, Гостиварско, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Б.А.(35) од село Градец, сопственик на угостителски објект кој работел по дозволеното време и во кој престојувале 20 гости.

Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосното документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, соопшти полицијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

69-годишен маж почина од компликации од грип во Скопје

Студен бран ја зафаќа Македонија

Изречени казни од 40.000 евра – АХВ со вонредни контроли во маркетите