Утрински Весник
Македонија

Приведен сопственик на угостителски објект во Групчин, работел и по 21 часот

Приведен сопственик на угостителски објект во Групчин, работел и по 21 часот

Полицијата приведе сопственик на локал во Групчин кој работел и по 21 часот спротивно на мерките на Владата.

Синоќа околу 23.15 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода А.Ш.(21) од тетовски Групчин, сопственик на угостителски објект, лоциран на регионалниот пат Тетово-Скопје, во Групчин, кој бил отворен по дозволеното време и во кој имало гости.

Тој е задржан во полициска станица за расчистување и документирање на случајот и ќе му биде изготвен соодветен поднесок, а неговиот објект бил затворен од Државен пазарен инспекторат.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Николоски: Ударите на Венко Филипче кон Велика Британија значат удар на темелите на Македонија 

Николоски: Бенефитите со влезот на третиот мобилен оператор се повеќе избор и пониски цени за граѓаните

Димоски: Предупредувања игнорирани, трагедија се случи загина Кристијан Љушев