Утрински Весник
Македонија

Приведен сопственик на тетовски ресторан во кој 40 гости правеле семејна веселба

Затворен угостителски објект во Тетово, а сопственикот приведен

Тетовската полиција во соработка со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, вчера во вечерните часови извршила контрола во угостителски објект во овој град, при што било утврдено дека во локалот се организира семејна веселба и имало присутни околу 40 лица.

Уапсен бил управителот на објектот, 38-годишниот И.Б. од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Од МВР најавуваат дека по документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пронајдена дрога во Битола, приведени три лица

МВР со нови информации: Пронајденото тело во Зрновци во фаза на распаѓање

СДСМ: Платформа на ВМРО за уривање на СДСМ и дефокус