Утрински Весник
Македонија

Приведен скопјанец кој украл автомобил

На 21.07.2022 во 13.05 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Г.Б.(40) од Скопје, поради сомнение дека денеска од паркинг на Градежен институт Скопје одзел патничко возило „тојота хајлукс“, сопственост на Институтот, кое било оставено со клучеви на бравата.

dobivaj vesti na viber

Имено, денеска околу 12.00 часот во ЕВР Карпош, вработен во Градежниот институт пријавил дека било одземено возилото од паркингот, по што биле преземени мерки и во координација со Полициската станица Гостивар, возилото било сопрено, а сторителот бил приведен.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Можете да прочитате

ВМР-ДПМНЕ: СДСМ со српска ПР машинерија ја манипулира јавноста

СДСМ: Кој друг од власта е вмешан во новиот корупциски скандал во земјоделието?

Полициските пресретнувачи на терен – „падна“ првата казна во Штип