Утрински Весник
Македонија

Приведен скопјанец кој ограбувал викендички

Приведен скопјанец кој ограбувал викендички
Dik 300x250 mk

Полицијата приведе 37-годишен маж со иницијали Ф.А. од селото Јурумлери, поради кражба во подрачјето на Петровец.

„Кај Ф.А., кој првично се претставил како косовски државјанин М.А., биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, кои биле вратени на оштетениот. По преземни мерки и активности утврден е идентитетот на пријавениот и расчистени се вкупно четири кривични дела тешки кражби извршени во викенд куќи на подрачјето на Петровец“, велат од МВР.

Ф.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Инцидент во Струшко: Во близина на угостителски објект пукано во воздух од БМВ во движење

Опожарено возило во Аеродром, нема повредени

Македонија во портокалова предупредувачка фаза поради обилните дождови