Утрински Весник
Македонија

Приведен скопјанец кој избегал од затвор

Приведен е бегалец од затвор и биде предаден за доиздржување на затворската казна, информираа од МВР.

„Денеска (26.05.2022), полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Н.(25) од Скопје. Тој бил баран по потерница за доиздржување затворска казна и поради бегство од казнено-поправна установа“, наведе полицијата.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за доиздржување на казната.

Можете да прочитате

Зајкова: Законот за електронска нараквица веќе се спроведува во БиХ

Кафеаните ќе треба да направат посебни влезови до простории за непушачите

Пронајдена дрога во Гостивар, уапсени три лица, следува пријава