Утрински Весник
Македонија

Приведен скопјанец за издржување затворска казна од 12 години, во бегство бил 17 години

Приведен скопјанец за издржување затворска казна од 12 години, во бегство бил 17 години

Шеесет и тригодишен скопјанец е приведен за издржување затворска казна од 12 години. Според информациите од МВР, тој бил во бегство од пред 17 години.

Полициски службеници од Отсекот за потраги при Единица за внатрешни работи Кисела Вода и при Единицата за внатрешни работи Чаир, во содејство со Единицата за интервентна полиција Скопје на Љуботенски пат, атар на с.Радишани, во непосредна близина на клучка Радишани, вчера попланде го привеле А.Р.(63) од Скопје.

За него била распишана Централна потерница за издржување на казна затвор од 12 години за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по чл.215 од Кривичниот законик. Тој е предаден во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.

Можете да прочитате

Спасувачка акција на повредено лице над Горно Јеловце

ДЗС: Под целосна контрола пожарот во близина на Скопскиот аквадукт

Локализиран пожарот што избувна во местото Аквадукт