Утрински Весник
Македонија

Приведен скопјанец во чиј дом било пронајдено огнено оружје

Приведен скопјанец во чиј дом било пронајдено огнено оружје

Утрово во периодот од 6 до 7.30 часот, скопската полиција извршила претрес во домот и други простории на 51-годишниот Н.Б. од скопското село Копаница.

Како што информираат од МВР, при претресот биле пронајдени и одземени 20 куршуми калибар 9 милиметри наменети за полуавтоматски и автоматски пиштоли и еден пиштол.

Селанецот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хајрулахи ќе се кандидира за Републички јавен обвинител: ЈО е паднато на колена, а многумина беа години в затвор од политички причини без ниту еден доказ

Лекарската комора го поздрави Предлог-законот за заштита од пушење: Здравјето на граѓаните мора да биде над сите други интереси

Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец