Утрински Весник
Македонија

Приведен скопјанец во Куманово за издржување затворска казна

Вчера во 16:30 часот во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С.(32) од Скопје.

За него била распишана централна потерница со која се барал за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 235а од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

Можете да прочитате

Груби останува во куќен притвор

Шилегов: Сите во државава се виновни, освен кочанските обвинители за случајот Пулс

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, меѓу нив и еден малолетник