Утрински Весник
Македонија

Приведен македонски државјанин кој убил две жени во Тирана

Пукање на „Пластичарска“, повреден сопственик на дуќан

Уапсен е македонскиот државјанин кој претпладнево изврши двојно убиство на жени во Тирана.

Од албанската полиција информираат дека станува збор за Перпарим Адеми (59), кој во моментот се наоѓа во Управата на полицијата во Тирана, за понатамошна постапка.

Адеми ги застрелал Кристина Барди, со која живеел во вонбрачна заедница, и нејзината сестра Жанета Метани. Како што соопштија од полицијата, тој испукал повеќе куршуми од автоматско оружје, по што се дал во бегство.

Убиството го извршил пред очите на децата на една од сестрите.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

АХВ спречи увоз на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар

СДСМ: Владата на продолжен викенд, сега задолжително да ги прифати сите решенија на СДСМ за намалување на цените 

Денес се празнуваат Светите четириесет маченици во Севастија