Утрински Весник
Македонија

Приведен маж од скопско поради кривично дело уцена

Денеска околу 12.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за насилен криминал го лишиле од слобода А.А.(25) од с. Љубин, Скопје поради тоа што уценувал скопјанец со објавување комромитирачки материјали доколку не му даде пари.

Откако му биле побарани пари, оштетениот го пријавил случајот во полициска станица.

Во соработка со јавен обвинител, парите биле крим-технички обработени и му биле дадени на оштетениот за да му ги даде на уценувачот.

Веднаш откако ги земал парите, А.А. е приведен од страна на полициските службеници и парите се пронајдени кај него, а по целосно документирање на случајот до Основното јавно обвинителство, против А.А. ќе биде поднесена кривична пријава по член 259 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Безобѕирно зад воланот: Пијаните возачи во иднина ќе одговараат кривично

Температурата ќе се спушти за повеќе од 10 степени – Почнува вистинска есен

Семејното насилство ќе се гони по службена должност со новите измени во Кривичниот законик, за шест месеци регистрирани 512 пријави