Утрински Весник
Македонија

Приведен маж од Сингелиќ, пронајдени автоматска пушка и пиштол

Приведен маж од Сингелиќ, пронајдени автоматска пушка и пиштол
Dik 300x250 mk

Скопје, 12 јуни 2020 (МИА) – Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека денеска на ул. „М.А.Ченто“, на патот кон село Арачиново Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ф. (30) од село Синѓелиќ. Д.Ф., кој на себе носел панцирен елек и пиштол „Смит и Весон“, бил заедно со полициски службеник, кој не бил на работа, а седеле во угостителски објект.

– Потоа е извршена контрола на возило „сеат ибица“, паркирано од Д.Ф. и пронајдено е една автоматска пушка и една рамка од пушката, рамка од пиштол полна со куршуми. По документирање на случајот Д.Ф ќе биде предаден на надлежен обвинител, а во расчистување на случајот е вклучен и Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди, наведоа од МВР.см/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во Охрид деновиве зачестиле измамите со лажни сообраќајки, полицијата со апел до граѓаните

Во четири општини Владата ќе назначи повереници додека не се изберат нови градоначалници

Сред бел ден со пиштол се заканувал на вработени во кафеана во Центар