Утрински Весник
Македонија

Приведен маж од Булачани, пронајдена лабораторија за производство на марихуана

Марихуана и таблети најдени кај повеќе лица во Струга

Скопје, 3 март 2020 (МИА) – Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје вчера по претходно добиени оперативни сознанија, во близина на последната автобуска постојка во Хиподром , извршила легитимирање и личен преглед на лицето А. М. (27) од село Булачани. При претресот кај лицето пронајдена е една кеса во која имало две полиетиленски кеси со марихуана и една дигитална вага, соопшти МВР.

По обезбедена судска наредба, како што информираат од МВР, извршен е претрес во домот на приведеното лице во село Булачани каде што е пронајдена лабораторија за производство на марихуана, во која се пронајдени 69 садници високо квалитетна марихуана – (сканк) , како и техничка опрема составена од греачи, грејни сијалици, пумпа за вода, филтер и систем за вентилација, три поголеми најлонски кеси со марихуана спремна за продажба, четири пластични шишиња со кафеава течност –масло произведено од марихуаната.

Дваесет и седумгодишниот А.М. е лишен од слобода во полициска станица за понатамошни мерки, а за настанот е известен дежурен јавен обвинител. дма/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?