Утрински Весник
Македонија

Приведен маж кој украл пари од црква

Приведен маж кој украл пари од црква
Dik 300x250 mk

Полицијата приведе 42-годишен маж од гостиварско Врапчиште, поради тешка кражба во црквата Свети Петар во Долна Бањица.

„Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 42-годишниот Н.А. од гостиварско Врапчиште поради сомнение дека во периодот 18/19 септември извршил тешка кражба во црквата „Свети Петар“ во гостиварска Долна Бањица, при што одзел пари. Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар“, информираат од МВР во дневниот билтен.

Мажот е задржан во полициска станица за расчистување и документирање на случајот и во текот на денешниот ден со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија.

Можете да прочитате

Костадинов: Ова не е обичен пораз, туку тешка брука

ВМРО-ДПМНЕ: Остваривме историски резултат, по 20 години победа во прв круг во бастионот на СДС, Струмица и во 33 општини

37-годишник осомничен за обид за убиство на сопствениот брат