Утрински Весник
Македонија

Приведен кумановец кој украл паричник во здравствена установа во Скопје

Приведен крадец во Скопје, за кражба на паричник и чанта

На 11.01.2021 година во 11.30 часот на улица „Филип Втори Македонски” во Скопје е приведен Г.П.(33) од Куманово, сторител на повеќе кривични дела. По извршен разговор, Г.П. признал дека на 21.12.2020 година во приватна здравствена установа лоцирана на подрачје на Кисела Вода во Скопје, извршил кражба при што од чанта одзел паричник во кој имало 15,000 денари како и две платежни картички. По извршеното кривично дело со едната картичка купил производи во вредност од 30,000 денари додека со другата имал неколку неуспешни обиди за купување. По извршениот разговор, од лицето се одземени неколку картички од банки кои не се на негово име, одземени се исто така и парични средства. Кај Г.П. исто така е пронајдена и бела прашкаста материја. Против него, по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим