Утрински Весник
Македонија

Приведен крадец од Битола – расчистени четири тешки кражби

Приведен крадец од Битола – расчистени четири тешки кражби

Синоќа од страна на полициски службеници од Отсекот за општ криминалитет – Одделение за криминалистичка полиција при СВР Битола по преземени мерки и активности откриен е сторителот на четири тешки кражби на подрачјето на Битола, Р.Д.(24) од Битола.

Три од нив биле извршени во цркви и манастири во изминатиот период, а една тешка кражба е сторена во средно општинско училиште.

Осомничениот Р.Д. бил повикан во полициска станица, со него бил извршен службен разговор, при што тој ги признал кривичните дела.

Украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците, а по документирање на случајот против сторителот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Пријави за семејно насилство во повеќе градови, приведени шест лица

Вчера уапсени 21 возач, од нив 11 возеле без возачка

Трендафилов: Без работници нема држава, а нема ниту власт