Утрински Весник
Македонија

Приведен крадец во Тетово – пронајдени одземените пари

Приведен крадец во Тетово – пронајдени одземените пари

Денеска во 01.00 часот во мотел во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.В.(27) од Тетово.

Тој се сомничи дека на 18.02.2022 околу 21.00 часот со употреба на сила кон вработената одзел пари од спортска обложувалница на ул.„Иво Лола Рибар“ во Тетово.

При преглед кај него биле пронајдени парите и еден нож, а во полициска станица со него бил извршен службен разговор.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Министерството за здравство со нов модел за ретки болести: Заштеди од илјадници евра и стабилна терапија

Мицкоски: Во мај или јуни реконструкција на Владата

Уапсени 11 возачи – 24info.mk