Утрински Весник
Македонија

Приведен крадец во струшко

Приведен крадец во струшко

Вчера во 14.40 часот на локалниот пат с.Велешта-с.Долна Белица, струшко, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода Х.А.(56) од Република Албанија.

Тој бил затекнат при извршување кражба во плац за авто делови.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Се интензивираат активностите за реформи во изборното законодавство 

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Мицкоски за обвинувањата на Филипче: Опозицијата манипулира и клевети, граѓаните ја знаат вистината