Утрински Весник
Македонија

Приведен крадец во Скопје, фатен при обид за тешка кражба

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денеска во 02.00 часот на бул.„Партизански одреди“ полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Д.(33) од Скопје.

Тој бил затекнат при обид за извршување на „тешка кражба“ во куќа на подрачјето на Центар и го признал делото.

Притоа кај него бил пронајден предмет кој што потекнува од кривични дела „тешка кражба“ пријавени на 27.06.2022 во Полициската станица Центар, а извршени во периодот од 25 до 27.06.2022, при што од книжарница на ул.„Ѓуро Стругар“ во Скопје биле одземени повеќе уметнички слики, соопшти полицијата.

Лицето, како што информира МВР е предадено на полициски службеници од Полициска станица Центар за понатамошна постапка, а за случајот е известен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

СДСМ: Свиркач открива нови детали за тендерот во Пошта: Како се пумпаат 300.000 евра годишно!

Левица со предлог закон да нема отказ при бременост

Во ќелијата на газда Деко бил најден мобилен телефон