Утрински Весник
Македонија

Приведен крадец во Скопје, во автобус ѝ украл паричник на девојка

Приведен 49-годишен скопјанец за тешка кражба на дрзок начин.

Тој вчера во автобус на ЈСП бр. 57 на улицата “Цветан Димов“, одзел женски паричник во кој имало пари и документи од оштетената М.Б. (23) од Скопје. Со М.К. бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на јавен обвинител, а од страна на оштетената извршено е препознавање.

Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 “тешка кражба на дрзок начин“, од КЗ на РСМ .

Можете да прочитате

По шест дена штрајк со глад: Сопругот на исчезнатата Злата итно хоспитализиран 

Николоски: Штип и источниот дел на Македонија добиваат прво туристичко вештачко езеро, ќе биде завршено во 2027 пред предвидениот рок

„Ај медија“: Нема соработка со СДСМ ниту со Зоран Башановиќ