Утрински Весник
Македонија

Приведен дрвокрадец од Скопско

Приведен дрвокрадец од Скопско

Вчера, околу 8.15 часот, во тетовско Мерово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 33-годишниот Ј. А. од скопско Паничари, кој со своето возило „фолксваген голф“, без регистарски ознаки, пренесувал огревни дрва без потребните документи.

Возилото и дрвата се одземени и ѝ се предадени на Шумската полиција за натамошна постапка, а Ј. А. бил задржан во полициска станица за расчистување и документирање на случајот по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Николоски: Апелирам до ЕУ, македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за влез во шенген зоната

ВМРО-ДПМНЕ: СДС работи против Филипче, тие го дозакопаа правдајќи го неговиот гаф со Милорад Додик

Косовски камионџија починал на патот Деве Баир – Крива Паланка