Утрински Весник
Македонија

Приведен дилер на ГП Блаце, пронајдена дрога

Приведен дилер на ГП Блаце, пронајдена дрога

На граничен премин при влез во нашата земја од слобода е лишено едно лице од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена дрога, велат од МВР.

Информираат дека вчера во 17:30 часот на граничниот премин Блаце при влез во РСМ од слобода е лишен Ф.Р.(38) од Скопје, бидејќи при извршена проверка кај него биле пронајдени марихуана, амфетамин, како и шприц со масло од канабис.

Лицето било предадено во полициската станица „Гази Баба“ за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот против лицето Ф.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава, известува министерството за внатрешни работи.

Можете да прочитате

СДСМ:Техничката влада мора да остане, во моментов нема услови за укинување

„Стоп за Усје“ повторно на блокада

СДСМ:Гeроски го спореди претседателот на СДСМ со убиец на деца