Утрински Весник
Македонија

Приведен дилер во Охрид

Приведен дилер во Охрид

Синоќа на улицата „Васил Главинов“ во Охрид, при преглед извршен врз Т.Љ.(31) од Охрид, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа две најлонски кеси со марихуана.

Дополнително, при претрес во неговиот дом како и во помошна просторија што ја користел на улицата „Марко Нестороски“, пронајдени се 80 полиетиленски опаковки со различа тежина на марихуана наменети за улична продажба на наркозависници од Охрид,  информираат од МВР.

Т.Љ. е приведен и против него, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

„Летал“ со 178 км/ч: пресретнувач го запре возачот на патот Штип–Радовиш

Мицкоски дециден: Уставни измени под уцена нема да има, заврши времето на политички марионети

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот