Утрински Весник
Македонија

Приведен бегалец од затвор кој во меѓувреме извршил уште четири кражби

Приведен бегалец од затвор кој во меѓувреме извршил уште четири кражби

Попладнево околу 13.15 часот, тетовската полиција во гаража помеѓу тетовските села Нераште и Беловиште, го уапсила 45-годишниот Ш.Ш. од Нераште.

Тој се сомничи дека е извршител на четири тешки кражби во трговски објекти во Тетово и во регионот на Теарце, во кои со употреба на сила влегувал и одземал пари и поголема количина разновидни производи.

Ш.Ш, исто така, се барал по централна потерница од затворот „Идризово“ во Скопје за доиздржување на затворска казна од 3 години и 28 дена за сторено кривично дело разбојништво.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Гордост на Македонија: Тина Русева донесе европска победа дома

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност

Поради магла намалена видливоста на повеќе патишта