Утрински Весник
Македонија

Приведено момчето кое синоќа во Скопје му нанесе смртоносни убоди со нож на својот татко

Полицискиот час во изминатото деноноќие не го почитувале 97 лица

Скопје, 13 април 2020 (МИА) – Педесет и петгодишен маж почина синоќа откако при семејна расправија неговиот син му нанел повеќе убодни рани со нож.

Полициски службеници на СВР Скопје синоќа го лишиле од слобода Д.А.(24), бидејќи околу 23:15 часот на ул.„Бигла“ во Скопје, при семејна расправија со нож му нанел повеќе убодни рани на својот татко С.А.(55), од кои тој починал на местото на настанот. Предметот со кој е извршено делото е обезбеден.

По документирање на случајот, против Д.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата. ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВЛЕН: Митовите за Ахмети се рушат како кула од карти

Мицкоски: Во мај-јуни ќе се посветиме на кадровски промени и рокади, дотогаш имаме внатрепартиско реструктурирање

Нема толеранција за тие што го сакатат високото образование, порача Мицкоски